ОБИД ЗА УПАД НА ВОЗИЛА СО СМЕТ НА ДЕПОНИЈАТА ВО КОЧАНИ ОД ДРУГИТЕ ОПШТИНИ

ноември 11, 2024
1 min read

Денес нешто после 14:30 часот три возила од од општините вон Кочани се имаат обидено да вршат истовар на смет насобран во нивните општини и истиот да го истоварат на депонијата во Кочани.

Но благодарение на кочанските херои кои еве веќе две седмици на секакви температури протестираат и ја чуваат Кочанската депонија како зеницата на своите очи не го тоа дозволија.

Имаше малку и тензична атмосфера но обидот да предизвикаат инцидент за да интервенира полицијата не им успеа. Живиот штит од кочанчани не им дозволи ниту метар да отидат кон депонијата, па мораа истите да се вратат од каде и се дојдени.

За ваков прост обид да се направи за да се оправдаат ветувањата пред сопствените гласачи никој не можеше ниту да помисли. Дали е тоа до капацитетот на градоначалниците од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево или нешто друго е во прашање времето ќе покаже.

Кочанчани уште еднаш порачаа: ОЅСТАПУВАЊЕ  НЕМА.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ