Врз основа на решение за верификација на посебна програма за Негувател/ка за помош и нега на стари лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип, распишува:
К О Н К У Р С
за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица
Се повикуваат сите заинтересирани лица од Кочани, Чешиново и Облешево и Зрновци кои сакаат да посетуваат обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат почнувајќи од 11.07.2023 година до 25.07.2023 година. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
–Да се државјани на Р.С. Македонија;
-Да имаат над 18 години;
-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
-Да имаат завршено минимум основно образование;
-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;
-Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кочани.
Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица е сертифицирана. Истата се спроведува во рамките на проектот: „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите врз општеството со посебен фокус на постарите луѓе„ – Финансиран од Австриско Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, со поддршка на Австрискиот Црвен крст.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: stip@redcross.org.mk или kocani@redcross.org.mk тел. за контакт Црвен крст Штип: 074203030
Црвен крст Кочани: 070360855, 071273352
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ