Во организација на Карате Клуб „Цветан Димов“ од Скопје а по повод 50 години Карате Клуб „Цветан Димов“ и спомен на прерано починатиот Игор Лазарев, во саботата во Скопје се одржа Меѓународен карате турнир „Гран При – Скопје 2024“.
На турнирот учествуваа повеќе од 600 натпреварувачи од: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија, Романија, Турција и Швајцарија.
Карате Клуб „Кочани“ настапи со осум натпреварувачи кои освоија шест медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени.
Златниот медал го освои Илина Костадинова (2011-2012) до 40 килограми, Сребрените, Томислав Ристов (2011-2012) до 45 килограми и Лука Златков (2011-2012) до 55 килограми, а носители на бронзите станаа: Алексеј Ристов (2015 и помлади) до 30 килограми, Илина Костадинова (2011-2012) до 39 килограми и Алексеј Ристов (2013-2014) до 35 килограми.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ