ОД ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8. АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

април 5, 2024
1 min read

Општина Кочани во соработка со граѓански организации ја подготви програмата за одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

По повод празникот, в понеделник, ќе биде подигнато ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, а градоначалникот Љупчо Папазов организира прием на претставници од ромскиот невладин сектор и соработници кои даваат континуирана поддршка во актуализирањето и решавањето на ромските прашања.

Културно-забавната програма годинава ќе се одржи на 11 април, на Градскиот плоштад. Планирани се музички настапи на повеќе интерпретатори, оркестри, диџеи, а публиката ќе има можност проследи и стендап комедија.

В четврток, на 11 април, со почеток во 11 ч., во салата на вториот кат во Мултикултурниот центар ќе се одржи трибина „Ромите во Кочани денес“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ