ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „САШО ЛАЗАРОВ – ЧАПО“

декември 29, 2021
1 минути

На предлог на советникот д-р Томе Солевски денешната 5-та седница на Советот на Општина Кочани започна со едноминутно молчење во чест на предвреме починатиот наш сограѓанин, познатото кошаркарско име Сашо Лазаров – Чапо.

За време на седницата на предлог истиот советник беше донесен заклучок од следната година да се организира Меморијален кошаркарски турнир за млади категории што ќе го носи името „Сашо Лазаров – Чапо“ чиј покровител ќе биде Советот на Општина Кочани.

С. Ивановски