По повод Петровден – празникот на Кочани, в сабота, 11 јули, со почеток во 19:30 ч. во Црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани ќе се одржи Духовна академија, на која ќе настапи музичкиот состав „Портал“.
На настанов ќе му претходат Вечерна богослужба што ќе почне во 17 ч., а потоа и Литија од „Св. вмч. Георгиј“ до Градскиот парк, каде што ќе се крши славскиот колач.
В недела, на празникот Петровден, со почеток од 8 ч., во кочанскиот црковен храм ќе се одржи Света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
