Утре, во рамките на првото коло во Втора Фудбалска Лига во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ ја пречекува екипата на „Беса“.
Како што информираат од клубот во оваа фудбалска сезона освен поединечни влезници за секој натпревар, љубителите на фудбалот ќе можат да набават и сезонски билети, односно комплет влезници за целата сезона, есен-пролет.
Влезниците за секој натпревар поединечно ќе се продаваат по цена од 100,00 денари, додека сезонските влезници за сите 15 натпревари ќе чинат само 1.000,00 денари.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ