ОДБЕЛЕЖАН 21-ВИ ФЕВРУАРИ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

февруари 21, 2022
1 min read

Со литературно читање на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше одбележан 21-ви Февруари, „Меѓународен ден на мајчиниот јазик“.

Стручно излагање на тема „Мајчин јазик – минато, сегашност и иднина“ имаше Александар Димитров – професор по Македонски јазик при СОУ „Љупчо Сантов“.

На настанот кој беше спроведен според протоколот за Ковид – 19, освен членови од Литературниот Клуб „Копнеж“ од Кочани присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, како и сегашни и некогашни професори по Македонски јазик.

С. Ивановски