ОДБЕЛЕЖАН 26. ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА РАСКАЖУВАЊЕ БАЈКИ

февруари 27, 2026
1 минути

ЈОУ Библиотека ,,Искра” подрачна библиотека во н.Оризари денеска го одбележа 26 февруари – Светскиот ден на раскажување бајки, со книжевна работилница ,,Во светот на бајките”.

Во реализацијата наши соработници и учесници беа ученици од ООУ ,,Крсте П. Мисирков”-Оризари, под менторство на нивните наставнички. Еден ден претходно во весела атмосфера беа изработени подароци за учениците.

Од страна на учениците од предметна настава читаа бајки на учениците од III одд. разговаравме за впечатоците, поуките, позитивните и негативните особини на ликовите во нив. Разговаравме кои се добри ликови кои се лоши.

Од секоја бајка извлековме порака, а преку пораките од бајките учиме да бидеме подобри другари да бидеме храбри и емпатични.

ЈОУБ ,,Искра” – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ