Во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица во Кочани членовите на здружението на скромен и достоинствен начин го одбележаа 15 Октомври, Меѓународниот ден на „Белиот стап“ – симболот на слепиот човек.
На средбата освен што беше истакнато значењето на Меѓународниот ден на Белиот стап, исто така се разговараше и за проблемите, предизвиците и можностите за подобрувањето на условите за живот на слепите лица во општината.
Еден од членовите на здружението Душко Граовац, лице со 98% оштетен вид упати апел до учесниците во сообраќајот, да го почитуваат Белиот стап со што ќе ги почитуваат и слепите лица овозможувајќи им предност при нивното движење по улиците, тротоарите, како и на другите јавни површини.
С. Ивановски