ДОБРОВОЛНА ПЛАНИНСКА СПАСИТЕЛСКА СЛУЖБА „ОСОГОВО“ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ПРВ РОДЕНДЕН

март 25, 2023
0 минути

Тивко и ненаметливо започнаа, тивко и ненаметливо и после година дена од формирањето се однесуваат. Во таков стил и со такво донесување Доброволна планинска спасителската служба „Осогово“ од Кочани го прослави својот прв роденден.

Кога започнаа пред една година да дејствуваат онаму каде што беа повикани многумина со скептицизам и неверување се однесуваа кон сето она што го прават луѓето од оваа служба, а тие: трагаа по изгубени лица и на места на кои тешко е да се стапне не пак да се работи и во темните ноќи, спасуваа завеани лица, извлекуваа заглавени наши пријатели, и сето тоа точно година дена.

Да им посакаме и понатака да постојат како и досега, да бидат секогаш будни но да немаат многу работа.

Нека им е среќен роденденот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ