ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

мај 20, 2022
0 минути

Во присуство на гости и пензионирани пожарникари, Територијалната противпожарна едница – Кочани го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарите во Македонија.

Единицата ја поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој го истакна задоволството што Кочани има пожарникарски состав што умее професионално да одговори на задачите и да се справи со предизвиците.

На церемонијата Градоначалникот Љупчо Папазов ги поздрави и членовите на новоформираното Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

На свеченоста по повод празникот на пожарникарите беа доделени традиционалните признанија. Признанието најуспешен пожарникар за 2021 година му беше доделено на Дејанчо Арсов, додека на

Претседателот на Доброволното противпожарно друштво Златко Илијев Градоначалникот Папазов му врачи потпишан Меморандум за соработка.

Во традиционалното обраќање Командирот на ТППЕ – Кочани Драган Апостолов истакна дека во минатата година единицата имала вкупно 238 интервенции на отворен и во затворен простор. Ги спомна големите летни пожари кои направија голема материјана штета, затоа и го повика населението да внимава со палењето огин особено за време на летните горештини.

С. Ивановски