По повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, општинска и училишна делегација, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на Подрачното училиште во Горни Подлог.

Годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер беше одбележана со стихови и со историски осврт во сеќавање на неговото дело.

Ликот на Делчев беше мотив на ликовни дела на ученици од училиштето во Подлог, а беа интерпретирани и познати стихови посветени на македонскиот великан.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
