ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА РАДЕ КРАТОВЧЕ

март 23, 2022
0 минути

Денес во дворот на  основното училиште а пред бистата на Раде Кратовче патронот на училиштето на скромен и достоинствен начин беше од бележана 78 годишнината од неговото загинување.

Чествувањето започна со изведба на Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ од страна на хорот на училиштето за да потоа членови од семејството на Раде Кратовче, вработени од училиштето и претставници од Сојузот на борци од НОВ и од Локалната самоуправа положат свежо цвеќе пред бистата на првоборецот.

Манифестацијата на одбележувањето на празникот заврши со обраќање на директорот на училиштето Благој Давитков во кое беше направено едно резиме на наградените ученици од училиштето на разните натпревари како на општинско, така и на пошироко нив, за да на крајот дел од наградените ученици прочитаат поезија.

С.Ивановски