ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ ТЕРМИНИ ВО СПОРТСКАТА САЛА

септември 4, 2023
1 минути

Почитувани медиуми ,

Би сакале да ве информираме вас како медиум , а воедно преку вас и пошироката јавност дека ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани започна со спроведување на постапка за спроведување на ,,Јавен повик за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на Спортската сала во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани“.

На ова јавно наддавање можат да се јават спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари , а доколку нема заинтересирани клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари, на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.

Целокупната неопходна документација во врска со ова јавно наддавање ќе биде истакната на огласната табла во холот на училиштето , на официјалната веб страна на училиштето , на официјалната страна на Општина Кочани.

Јаното наддавање ќе се изврши на ден 06.09.2023год. во 10:00 часот во наставничката канцеларија во училиштето.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ