ОДИГРАН МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО

Во Спорт
февруари 1, 2022
1 минути

По завршувањето на манифестацијата „Најдобар спортист на Кочани за 2021“ во Спортската сала во Кочани се одигра меморијален кошаркарски натпревар.

Натпреварот кој беше организиран во чест на Сашо Лазарев – Чапо беше идеја на неговите ученици (кошаркари) а по повод четириесетте дена откако Чапо замина на другиот свет кај Ангелите.

Натпреварот полн со емоции ја покажа вистинската љубов и почит на овие млади кошаркари кон својот тренер, кон својот учител кој ги усмеруваше секогаш да чекорат по вистинскиот пат, и како кошаркари и како личности.

По слободна проценка повеќе од петстотини гледачи дојдоа да го проследат натпреварот, а кошаркарите освен своите мајстории на теренот помеѓу обрачите на паузата им подарија и посебни моменти за уживање,беа организирани натпревари во шутирање за три поени и во слободни фрлања, по кои сите беа победници.

Овој натпревар е уште еден доказ дека останува духот на нашиот Чапо и понатака помеѓу сите нас.

Вечна ти слава легендо.

С. Ивановски

Голема благодарност до Виктор Крстевски и неговото студио vkrphotography за фотографиите.