Денеска Здружението на пензионери – Кочани ја одржа 7-та редовна седница на Собранието.
Низ точките на дневниот ред освен разгледување и усвојување на извештаите од претходната година, беа донесени програмите за работа со финансискиот план за 2022 година.
Претседателот на Здружението на пензионери, Ѓорѓи Серафимов, истакна дека во составот на програмите има збогатување во делот на спортските активности, рекреативните, културно-уметничките, организирање на собири во околината ,коишто и досега беа актуелни и многу други активности.
На денешната седница присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој ја истакна поддршката за сите активности на Здружението на пензионери – Кочани.
Општина Кочани