ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ – ПЕТ НЕИЗВЕСНИ НАТПРЕВАРИ

Во Спорт
септември 23, 2022
0 минути

За време на викендот се играат натпреварите од 3. коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки гостуваат во Речица со која екипа имаат најлош старт во годинешното првенство и по двете одиграни кола се заковани за последните две места на табелата со идентична гол разлика и без ниту еден освоен бод.

Според распоредот речиси сите пет натпревари се неизвесни. Дерби натпреварот се игра во Тетово каде минатогодишниот шампион „Љуботен“ ја пречекува солидната екипа на „Ас Јунајтед“.

Ништо помалку интересни и неизвесни се и натпреварите во прилеп, Скопје и Дојран.

Двојки за 03 коло:

„Речица“ – „Кочани“

„Љуботен“ – „Ас Јунајтед“

„Деспина“ – „Тиверија“

„Скопје 2014“ – „Каменица Саса“

„СЦ Истатов“ – „Шкендија“

Слободна е екипата на „Борец“ од Велес.

С. Ивановски