ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА СДС

октомври 31, 2022
1 минути

НЕКОРЕКТНОСТА  НА  ОПОЗИЦИСКИОТ  СДС  ГО  ДОВЕДЕ  ВО  РИЗИК  КОРИСТЕЊЕТО  НА  ГЕОТЕРМАЛНАТА  ВОДА

Почитувани,

Со неизгласувањето на одлуката за зголемување на цената на геотермалната вода, советничката група на СДС направи невиден преседан во повеќегодишното одлучување во Советот на Општина Кочани. Последиците од ваквото неконструктивно и неодговорно однесување на СДС се КЈП ,,водовод” да нема можност да остварува поголеми приходи врз основа на реални пресметки и трошоци за испорака на геотермалната вода.

Дали советничката група на СДС и нивните приврзоци во Советот штитат тесни приватни интереси и овозможуваат нереално ниска субвенционирана цена на користење на природниот ресурс во работата на нивните бизниси.

Со ова неодговорно дејствување се ускратува можноста на 12 правни субјекти, меѓу кои економски оператори од дејноста на раноградинарството, локални институции и општински училишта, повеќе да не ги користат бенефитите на геотермалната вода. Се доведува во ризик затоплувањето на учениците, нашите најмлади сограѓани…

Комуналното претпријатие се соочува со енормно зголемени трошоци за електрична енергија, која се користи за функционирање на пумпите за испорака на геотермалната вода и тоа во износ зголемен за 500%, односно зголемена сметка за струја за пет пати од вообичаеното.

Менаџментот на КЈП ,,Водовод” мораше да постапи одговорно и врз основа на реалните трошоци за за нормално функционирање на геотермалнипт систем, понуди цена за испорака на природниот ресурс до субјектите по цена која е зголемена само за 100% во однос на 500% зголемени трошоци. Ефектот што треба да се постигне е товарот од зголемените трошоци целосно да не се префрли на крајните корисници, а претпријатието да може да ги оствари приближно потребните приходи за нормално работење.

Општината ќе најде алтернатива за затоплување на училиштата и институциите, а економските оператори, како последица на ваквата скандалозна одлука на опозицискиот СДС, ќе бидат приморани да бараат друг енергенс како нафта или мазут, кои се четири пати поскапи од цената на геотермалната вода.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ