УБАВА ЗАВРШНИЦА ЗА ГИМНАСТИЧАРИТЕ НА КГС „КОЧАНИ“ НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР

Во Спорт
октомври 31, 2022
0 минути

Во организација на ФГСРМ (Федерација на Гимнастички Спортови на Република Македонија) за време на викендот во Битола се одржа Завршниот натпревар во гимнастика за 2022 година. Во саботата беа натпреварите во машка, а во неделата во женска конкуренција.

Гимнастичарите на Кочани со мошне добри резултати ја завршија годината, во женска конкуренција освоија 1 трето место во поединечна конкуренција и 1 второ и 1 трето во екипна конкуренција, додека во машка конкуренција освоија 3 први, 2 втори и 1 трето место сите во поединечна конкуренција.

Резултати во Машка конкуренција:

Прво место:

Андреј Јованов – јуниори (Б лига)

Матеј Постолов – постари пионери (А лига)

Мартин Андонов – јуниори (А лига)

Второ место:

Филип Иванов – сениори (Б лига)

Лука Естатиевски – помлади пионери (А лига)

Трето место:

Лука Ристов – постари пионери (Б лига)

Резултати во женска конкуренција

Трето место:

Иларија Цветкова – постари пионери (Б лига)

Екипно во женска конкуренција:

Второ место – постари пионерки (Б лига)

Трето место – помлади пионерки (Б лига)

„И да не сакаме, мораме да бидеме задоволни од постигнатите резултати во првата година по прекинот на натпреварувањата поради Корона кризата. Успеавме повторно да ги мотивираме и да ги враќаме постепено дечињата во тренажниот и натпреварувачкиот процес. Се надеваме дека паузата во зимскиот период максимално ќе ја искористиме, ќе се одмориме, ќе го изготвиме планот за работа за следната година и таму на почетокот на годината започнуваме со тренинзите се со цел да направиме уште подобри резултати. Сакам да упатам искрена благодарност до сите оние натпреварувачи и помагатели кои беа дел од изминатата гимнастичарска година“ беше изјавата на Благој Каров – Претседател на ДГС „Кочани“.

С. Ивановски