ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, СООПШТЕНИЕ

септември 1, 2022
1 min read

ГРАЃАНИТЕ  ЌЕ  ПРОЦЕНАТ  КОЈ  РАБОТИ,  А  КОЈ  ВЕЧЕН  КОЧНИЧАР

Почитувани сограѓани почитувани медиуми

На одржаната вчерашна 16. Седница на Советот на Општина Кочани, членовите на советот од опозиционата СДСМ, независниот советник, како и советничката од редовите на Левица кои и покрај добиената согласност од Министерството за труд и социјална политика, не ја гласаа точката за Годишниот план за вработување ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година.

Со оваа нивна негативна одлука, овие советници попречија и не создадоа услови за отварање на новата детска градинка со што покажуваат дека немаат интерес и дека не се грижат за згрижувањето на децата во нашата општина.

Од моменталната бројка од околу 700 згрижени деца, 210 се повеќе од нормативата по стандардите, а 96 деца кои допрва требаше да тргнат во новоизградената детска градинка останаат на листата на чекање.

Овде се наметнува прашањето, кои се тесно поврзаните партиски интереси поради кои овие советници не го дадоа гласот за оваа точка.

Без разлика на политичките убедувања, интересот на граѓаните треба да ни биде пред се останато.

Ви благодариме

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани