ЗАВРШНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОАЛИЦИЈАТА „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“

октомври 29, 2021
0 минути

Почитувани сограѓани,

На крајот на кампањата од Локалните избори 2021 година, сакам да ја изразам мојата благодарност за вашата безрезервна поддршка по првиот круг од изборите.

Вие сте мнозинството што ја препозна нашата заложба за модерно Кочани.

Работевме со огромна љубов и посветеност, чесно и одговорно – Кочани да биде пристојно место за живеење на сите! Она што го реализиравме – а сработивме повеќе од кога било – е најсилниот мотив заеднички да продолжиме и понатаму! Да изградиме Дом за стари и изнемоштени лица, нов булеварски влез во Кочани и сообраќајни решенија што ќе го олеснат движењето на сите, да создадеме зелени естететски и функционални целини во сите делови на општината, со урбанистички решенија да градиме поквалитетни услови за живот и стопанисување…

Почитувани сограѓани,

Најважно од сѐ е да продолжиме да градиме мостови на пријателство, на верба и разбирање меѓу нас, жителите на Кочани. Нема проект што вреди повеќе од мирот и соживотот во нашата општина.

Затоа ве повикувам и во наредните денови да ја задржиме човечноста, и на мирен и достоинствен начин да го реализираме и вториот круг од Локалните избори.

Ако во мене гледате можност за нов четиригодишен развој на Кочани, Ви благодарам за довербата!

Искористете го вашето граѓанско право и изберете го докажано најдоброто за Кочани!

Убедливо да ја потврдиме предноста од првиот круг! Продолжуваме од понеделник, многу започнати проекти чекаат на нас! Ви благодарам!

Николчо Илијев кандидат

За градоначалник предложен од

Кочалицијата „најдоброто за мојата општина“