ОК ВМРО ДПМНЕ – РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

јуни 6, 2023
1 минути

Доста со лагите кон кочанската јавност!

Почитувани политички противници во заминување,

И покрај тоа што директорката на ЦК ,,Бели мугри” веќе 8 – ми пат по ред е вршител на должност на споменатата институција, сепак вие имате образ да давате критики и пред очите на кочанската јавност да манипулирате.

При доделениот мандат на директорот на СОУ ,,Гошо Викентиев”, екипа на МВР не констатираше никаква повреда на законите во тој дел.

Основен суд – Кочани во врска со наводниот мобинг донесе пресуда дека такво нешто во конкретниот случај не постои и станува збор за инсинуација.

Мешањето на политика во образовниот систем е на највисоко ниво, откако започнаа вашите проекти за Родител 1 и Родител 2. Исто така, во материјалите за учење во пониските одделенија се обидувате на секој можен начин да го избегнете нашето вековно име Македонија.

Со почит

Комисија за образование при

ОК  ВМРО-ДПМНЕ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ