Почитувани,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Трипуновски на чело, ги остави на цедило оризопроизводителите.
Пред само неколку дена Трипуновски во Кочани вети навремен и непречен откуп на оризот, но ниту е навремен, ниту е непречен. Откуп нема!
Жетвата на ориз започнува, но нема никаква најава за почеток на откуп. Оризопроизводителите ќе треба да трпат заради неодговорноста на државните институции.
Дали Трипуновски планира да реагира и да ги исполни ветувањата или ќе ги остави оризопроизводителите сами да се снаоѓаат?
Бараме Владата да ги помогне оризопроизводителите со дополнителни 7 денари за килограм за предадена оризова арпа кај преработувачите.
Нашето барање е издржано и е во интерес на земјоделците, а работа на Трипуновски е да ја реализира оваа мерка.
Бараме веднаш да се започне со откуп на оризовата арпа во поголеми количини бидејќи земјоделците немаат каде да го чуваат оризот.
Според нашите информации, од годинешната жетва се очекува род од околу 23.000 тони оризова арпа, за која денес цените се ниски. Откупната цена денес за ситниот ориз е 25 денари за килограм а за „Андреа“ е 35 денари, за новата жетва се најавува уште пониска цена.
ВМРО ДПМНЕ демонстрира вистинска негрижа за цел еден земјоделски сектор. Да потсетиме дека во времето на Владата на СДСМ, нашето македонско бело злато – оризот конечно се внесе на листата на стратешки важни култури за државата. За 300% се зголемија субвенциите за ориз, оризопроизводителите добија 100% покривање на трошоците за зелена нафта, откупната цена на оризова арпа беше 40 денари, за прв пат се воведе мерка за специјализирани комбајни за ориз, се обнови Институт за ориз.
Ова е вистинска грижа за секој еден земјоделец, наспроти безидејноста и незаинтересираноста на ВМРО ДПМНЕ.
ОО СДСМ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ