ОО СДСМ КОЧАНИ – РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

март 4, 2023
1 минути

Почитувани сограѓани,

Лица без лиценци ги водат училиштата во Кочани. Во истите веќе постоечките кадри кои имаат лиценци за вршење на ваква дејност, спротивно на Законот – Градоначалникот не ги назначува!

Кадарот на ДПНЕ не може да положи испит, кој е неминовен за да се води образовна институција. Не требаше многу да помине за да повторно вината ја посочат кон СДСМ, Владата, Министерствата, но никогаш кон сопствената неспособност. Манипулациите се вашата главна одлика почитувани ДПНЕ. Многу јасно знаеме какви притисоци имаше врз наставниците, отсуство на демократија и замолчен глас на просветните работници, никакви покачувања, бојкот на наставата.

И вие се повикувате на Закон?

На дел од овие директори им заврши мандатот, назначија нови лица по неколку дена, само за истите пак да бидат вратени. Повторно – спротивно со Законот!

Дел од новоназначените се соочуваат и со кривични постапки за водење на самите училишта!

Дали и во Државниот испитен центар се служевте со манипулации за да се положат испитите на овие кадри, па затоа се поништени?

Граѓаните треба да знаат како срамно се води образованието на локално ниво! Ако директорите и локалните ДПНЕ клубови безосетно лажат и манипулираат што да очекуваме за нашите деца и нивниот напредок и образование во овие училишта!?

Ги повикуваме институциите да постапат согласно законските рамки.

Со почит, ОО СДСМ КОЧАНИ

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ