ТРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ „ФУНАКОШИ ГИЧИН“

Во Спорт
март 4, 2023
1 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клуб „Фунакоши Гичин“, денес во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во карате „Фунакоши Гичин – Опен 2023.

Во конкуренција на натпреварувачи од Македонија, Србија и Косово Карате Клуб „Кочани“ настапи со пет натпреварувачи кои освоија три медали од кои  две сребрени и еден бронзен.

Во категоријата на натпреварувачи од 10-11 години  до 42 килограми Лука Златков го освои сребрениот медал исто како и Илија Охомуш во категоријата „јуниори“ до 76 килограми.

Наталија Карова настапи во категоријата „јуниорки“ до 48 килограми и го освои бронзениот медал.

„Задоволен сум од настапот на сите пет натпреварувачи иако освоивме само три медали кои можеа да бидат и повеќе и со поинаков сјај. Лука Златков имаше одличен настап во борба за првото место со натпреварувачот од Косово која заврши 3:3 сепак според правилата неговиот противник прв освои поен и го освои првото местио. Карова и Охомуш исто така имаа добри настапи и со малку поголема среќа можеа да бидат скалило погоре. Најзабележителен беше настапот на  Илина Костадинова која во категоријата  10-11 години до 42 килограми прикажа одлични борби и тоа со две години постари противници. Иван Арсов кој настапи во категоријата кадети плус 70 килограми, немаше среќа во завршницата од борбите што беше причина да остане без медал“ мошне задоволен од денешниот настап беше тренерот на КК „Кочани“ Игор Каров..

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ