Во чест на патрониот празник на нашето училиште ООУ „Климент Охридски- Облешево, започнуваме со повеќе активности по тој повод.

Денес во паркот на централното и подрачните училишта засадивме садници од ГИНКО дрвца кои ги донираше за нашето училиште Томе Стојанов-Гинко, кој потекнува од нашата општина. Гинко дрвото е симбол на здравје и долговечност .

Со таа симболика во името на нашето училиште ви го честитам патрониот празник на вработените, учениците, родителите и локалната заедница од општина Чешиново-Облешево.

Честит празник Св. Климент Охридски просветител и заштитник на нашето училиште!

ООУ „Климент Охридски“ – Облешево
Директор – Јорданчо Костадинов
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
