Почитувани медиуми,
ООУ,,Малина Попиванова,,од Кочани доставува соопштение до медиумите ,воедно преку Вас и до пошироката јавност дека
ООУ,,Малина Попиванова,,од Кочани ќе започне со спроведување на постапка за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на спортската сала во училиштето.Предмет на овој јавен повик е јавно наддавање од страна на спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари ,но доколку нема заинтересирани клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање.
имаат право на учество и здруженија на граѓани и рекреативци.
Целокупната документација во врска со ова јавно наддавање ќе биде истакната на Огласната табла во училиштето,официјалната веб страна на училиштето и на официјалната страна на О.Кочани.
Документи кои се поднесуваат се :
1.Пријава за учество (образец во прилог на повикот)
2.Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образец во прилог на повикот)
3.Изјава за прифаќање на условите по овој повик
4.Доказ уплатница за уплатен депозит
Крајниот рок за доставување на пријави по овој повик е 11.09.23 ,понеделник,до 10 часот.Пријавата за учество за јавно
наддавање се поднесува до Комисија за јавно наддавање во ООУ,,Малина Попиванова,,-Кочани до 11.09.23 год.до 10 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 11.09.2023година во салата за состаноци во училиштето со почеток во 10 часот.
Со почит.
ООУ,,Малина Попиванова,,Кочани
Директор
Благој Петров
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ