ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ СО НОВ В.Д. ДИРЕКТОР

јуни 10, 2025
1 минути

По завршувањето на мандатот на досегашниот в.д. директор д-р Кристина Серафимова, заменик министерот за здравство Јовица Андовски  го потпиша Решението и за нов в.д. директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани е именувана д-р Катерина Паниќ – Мирчовска.

Мирчовска  позната на јавноста и стана бидејќи по нејзиното распределување на работно место во Скопје, повредените пациенти од трагедијата во Кочани на кои таа им стана омилена докторка го кренаа својот глас и таа остана и понатака да работи во Кочани.

Инаку д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е специјалист по општа хирургија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ