ОПШТИНА КОЧАНИ – АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ОРИЗАРИ

мај 31, 2024
0 min read

Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Кирил и Методиј“ во Оризари, со вкупна должина од 500 м.

На 400 м. е надграден асфалтниот слој, а на останатиот дел е извршено тампонирање и асфалтирање. Улицата е со ширина од 3,5 м.

Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ