ОПШТИНА КОЧАНИ ОРГАНИЗИРА „НОВОГОДИШЕН БАЗАР“

ноември 24, 2022
1 минути

Во време на одржувањето на Новогодишните и Божиќните празници Општина Кочани организира „Новогодишен базар“. Локација ќе биде платото на „Паркот на Револуцијата“ а периодот во кој ќе треба да се организира е 23.12.2022 година до 08.01.2023 година.

По тој повод објавен е Оглас за негово организирање преку Јавно надавање.

О Г Л А С

за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање

  1. Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела на Градскиот парк во Кочани.
  2. Новогодишниот базар ќе се одржи во периодот од 23.12.2022 год. до 08.01.2023 год.
  3. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 30 000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање од минимум 3.000,00 ден.
  4. Јавното наддавање ќе се спроведе на 30.11.2022 год. во 12:00 часот во просториите на Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани.
  5. Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
  6. Како доказ да се достават Тековна состојба не постара од 6 (шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.
  7. Уплатата ќе се врши на жиро-сметката 736014044463010 – Буџет на Општина Кочани, приходна шифра 725 939, 100000000 63095 НБРМ.
  8. На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници – правни лица.
  9. Во случај да не успее јавното наддавање, веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник, ќе биде реализирано.
  10. Постигнатата цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати на сметката на Општина Кочани, истиот ден по завршување на лицитацијата.
  11. Општина Кочани ќе склучи Договор со најповолниот понудувач, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
  12. Општина Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на Базарот, да обезбеди поставување и украсување елка и украсување на просторот во Градскиот парк, да обезбеди вода, струја, санитарни јазли што ќе ги одржува и за време на Базарот и редовно да го чисти просторот од отпадоци.
  1. Обврска на закупецот е да обезбеди минимум 10 монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна, крофни и палачинки, кафе и пијалаци, сувенири, ракотворби и детски играчки и сл.
  2. Обврска на закупецот е да ги издава монтажно-демонтажни објекти и продажни штандови согласно законските прописи.
  3. Закупецот има обврска да изготви документи согласно Законот за комунални такси и Законот за административни такси.
  4. Монтажно-демонтажните објекти што ќе бидат поставени да имаат можност да работат од 10:00 до 22:00 часот, секој ден во периодот од 23.12.2022 год. До 08.01.2023 год.

Претседател на Комисијата

Голубинка Георгиева