ОПШТИНА КОЧАНИ ПРОДОЛЖУВА СО ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

февруари 23, 2026
1 минути

Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоари на улици во централното градско подрачје: „Стево Теодосиевски“, „Тодосија Паунов“, „Борис Трајковски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и др.

Во рамки на акцијата се засадени нови садници од јавор, јасен и црвена слива, со што се збогатува урбаното зеленило и се подобрува амбиентот во градот. Активностите продолжуваат и оваа седмица со садење фиданки на улицата „Роза Петрова“ и во населбата Усова Чешма.

Од почетокот на годината до денес, на различни локации низ градот се засадени околу 600 чемпреси, како дел од програмските активности на Општина Кочани и континуираните напори за создавање поздрава животна средина.

Надлежните општински служби упатуваат апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон новозасадените садници, да не го оштетуваат зеленилото и, каде што е можно, да се вклучат во грижата за растенијата во својата непосредна околина. 

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ