За време на викендот се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Општинска Фудбалска Лига – Кочани.
Во Оризари на теренот покрај „Масалница“ каде по осум години пауза се одигра натпревар во сениорска конкуренција, домашната екипа „Младост Тошев“ беше поуспешни од „Атлетико 2021“ и заслужена славеше со 5:2.
Во Долни Подлог „Задругар Исток мермер“ и „Фудбал старс“ ги поделија бодовите играјќи 2:2.
До крајот на есенскиот дел од првенството остануваа да се одиграат уште две кола.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ