ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „ПРВА ПОМОШ 2023“

јуни 1, 2023
1 минути

Црвен крст – Кочани го реализираше Општинскиот натпревар на екипите по прва помош  – „Гошо Викентиев“, „Никола Карев“ и „Синиша Стоилов“.

Екипата на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани го освои првото место на Општинскиот натпревар на екипи по прва помош во категоријата младина и ќе го претставува Црвен крст Кочани на Државниот натпревар на екипи по прва помош во месец септември.
Младинците од средното техничко училиште прикажаа најдобри резултати при санирање на симулирани случаи на повреди на натпреварот што во организација на Црвен крст Кочани денеска се реализираше во Градскиот парк во Кочани.

Во категоријата подмладок каде се натпреваруваа екипи по прва помош од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево најдобро пласирана беше екипата на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, додека најуспешни во познавањето на на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење – категорија дисеминација прикажа екипата на ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци.

На натпреварот учествуваа 9 екипи од основни и средни училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево и се натпреваруваа во три категории, на младина, подмладок и дисеминација. Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на два пункта за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини. Настанот иако е од натпреварувачки карактер има за цел да ја доближи првата помош како животоспасувачка техника до младата популација, истакнаа од Црвен крст – Кочани.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ