Како и години наназад така и годинава ветераните на оризарскиот фудбал го одиграа својот традиционален ревијален фудбалски натпревар.
На натпреварот силите ги одмерија играчи кои дел од својот фудбалски живот поминале во Оризари, во екипата на „Младост“.
Резултатот не беше во прв план, туку дружењето, и затоа сите што се појавија овој пат во „Спортската сала“ во Оризари се победници.
И како што приличи на вакви средби по завршување на натпреварот дружењето продолжи кај „Кокси“, каде со музика и песни се весела актерите до доцните вечерни часови.
С. Ивановски