Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство.
На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.
Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.
На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.