ЧЕТИРИТЕ ЛИЦА ЗАГЛАВЕНИ ВО НАНОС ОД СНЕГ, СПАСЕНИ

јануари 11, 2024
0 минути

Драма вечерва се одвивала околу спасувањето на четири лица кои со своето возило влегле и заглавиле во нанос од снег.

Вечерва околу 17:17 часот дежурната екипа на ДПСС (Доброволна планинска спасителска служба)  „Осогово“ – Кочани добило известува од дежурниот број 112 во Штип дека после локалитетот „Лопен“ кај Руменина бука“ биле заглавени четири лица со своето возило „Гранд Чероки“.

Едно возило и двајца членови на службата се упатиле на местото на настанот а им се придружи исто така и едно возило со двајца од МВР како и едно возило со двајца пожарникари од ТППЕ – Кочани.

Голем проблем им правел замрзнатиот пат но сепак стигнале и околу 18:45 часот успеале да ги извлечат луѓето.

Бидејќи едно од лицата се здобило со скршеница на еден од прстите истото било пренесено на Брза помош во Општа болница со проширена дејност – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ