„Осогово“ и „Детонит Плачковица“ одиграа нервозен но слаб натпревар, но ако се знае дека ова се натпревари од подготвителниот период и кога тренерите во игра внесуваат повеќе играчи можеби играта не загрижува, туку загрижуваат некои стартови по кои играчите заработија повеќе од десет картони.
Во првото полувреме гледачите видоа само една шанса за гол но ударот на Жоглев со глава отиде над пречката.
Во второто полувреме во главно се играше помеѓу двата шеснаесетника со неколку обиди по центаршутеви да се дојде до некоја посериозна прилика.
Домаќините единствениот погодок го постигнаа во судиското надополнување а стрелец беше Филип Јованов.
С. Ивановски.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ