„ОСОГОВО“ ГИ „РАСТУРИ“ МЛАДИНЦИТЕ НА „РАБОТНИЧКИ“

Во Спорт
февруари 9, 2022
1 минути

Иако немаше никаква информација за во јавноста дознаваме дека денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани како дел од подготовките второлигашот „Осогово“ одигра уште еден подготвителен натпревар.

Пторивник на „жетварите“ овој пат им беше младинската екипа на „Работнички“ од Скопје.

Жолто-сините го „растурија“ младиот состав на „романтичарите“ од Скопје совладувајќи го со 5:3 (4:0).

За утре е најавен уште еден натпревар но повторно со младинска екипа, овој пат со „Брегалница“ од Штип.

Како тргнаа работите во недостаток на сениорски екипи нема да биде чудно доколку до почетокот на првенството „Осогово“ закаже натпревар и со некоја од фудбалските школи од Кочани или од блиските општини.

Што не оди вака, не оди.

С. Ивановски