ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО НЕДЕЛА СЕ ИГРА 15-ТОТО КОЛО

Во Спорт
март 24, 2023
1 минути

Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 15-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Осогово“ ќе ја угости мошне добрата екипа на „Спартмани“. Во двете пролетни кола кочанчани забележаа исто толку победи и според најавите сите во клубот очекуваат таа низа да продолжи и во неделата.

Во Пробиштип се игра дерби на колото каде „рударите“ ја пречекуваат второпласирана екипа на „Овче Поле“.

„Академците“ од Чешиново-Облежево гостуваат во Карбинци додека Беровскиот третолигаш патува во Струмица. Колото го затвора натпреварот во Богданци каде патуваат „рибарите“ од Дојран.

Двојки за 15-тото коло:

„Осогово“ – „Спартмани“

„Карбинци“ – Академија „Чешиново-Облешево“

„Тиверија“ – „Малеш“

„Вардарски“ – „Дојранско Езеро“

„Рудар“ – „Овче Поле“

Слободна е екипата на „Брегалница сениори“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ