Во рамките на 27-ти коло во Кочани „осогово“ и „Кожуф“ одиграа натпревар под едно второлигашко нуво во кој гостите славеа со 1:0 (1:9(. Единствениот погодок беше постигнат во 15’ а стрелец беше Филип Тодоровски кој по една полуконтра на гостинските играчи успеа да влезе чекор-два во казнетиот простор на „жетварите“ и со удар по земја го матираше домашниот голман.

„Осогово“ по блескавите пролетни настапи одигра натпревар за заборав, играчите како уште да бе на прослава на Првомајскот викенд. Играа анемично и за деведесетте минути не создадоа речиси ниту една посериозна шанса за гол.

Гостите од Гевгелија и денес покажаа дека се „тврд орев“ за „Осогово3, играа посмирено, со кратко додавања го трошеа времето и освен погодокот и тие не прикажаа игра која ќе добие некоја висока оцена. Сепак победата што ја извокуваа е неспорна.

Резултати од 27-то коло:
Осогово – Кожуф 0:1
Победа – Тетекс 0:3
Шкендија (А) – Вардар (Н) 8:2
Беласица – Брегалница 0:1
Слога 1934 – Новаци 0:2
Детонит Плачковица – Каменица Саса 0;0
Големо Коњари – Преспа (Се игра во Недела)
Скопје – Охрид. 1:0
Следното коло „Осогово“ му гостува на „Вардар“ во Неготино а натпреварот ќе се игра во Недела.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
