По денешниот натпревар во Гевгелија каде во рамките на третото коло „Кожуф“ го совлада „Осогово“ со 4:1 (2:1) Управата на ГФК „Осогово“ и Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски спогодбено се договорија за прекин на соработката.
Илиевски на чело на „Осогово“ застана на почетокот на минатото првенство но и покрај лошите резултати тој остана да ја заврши сезоната во која дури во последното коло „Осогово“ обезбеди опстанок.
Иако тоа беше најавувано како минато годинешните лоши резултати во кои во три кола е освоен само бод (двапати кочанчани беа домаќини) не му одеа во прилог на Илиевски.
„ГФК „Осогово“ му благодари на Добринко Илиевски за досегашниот ангажмани му посакува успех во понатамошната тренерска кариера“ стои во краткото соопштение на клубот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ