СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КК „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ЛЕСКОВАЦ

Во Спорт
октомври 9, 2022
0 минути

Деветмина членови од Карате Клуб „Кочани“ од Кочани денес учествуваа на Меѓународниот карате турнир „Ипон Опен 2022“ што се одржа во Лесковац (Република Србија).

Во една силна конкуренција каратистите на Кочани освоија седум медали од кои 1 златен медал во борби и 6 бронзени медали во кати, како и три петти места.

Наталија Карова освои златен медал во борби, категорија јуниорки до 55 килограми, а Лука Ѓорѓиев во „борби“, категорија 2009 до 45 килограми беше петти.

Сите шест трети места се во натпреварот „кати“ а медалите ги освоија:

Адриан Илиевски (2014); Катерина Стојановска (2013); Илина Костадинова (2013); Лука Златков (2012); Џихан Незиров (2009); Лука Ѓорѓиев (2009).

Петите места освен Лука Ѓорѓиев во категоријата борби ги освоија и Ана Костадинова, апсолутно ниво – кати (2015) и Самоил Златков – кати (2013).

Добрите резултати продолжуваат.

С. Ивановски