ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, НАЈ ИНТЕРЕСНО ВО СВЕТИ НИКОЛЕ И ДЕЛЧЕВО

Во Спорт
октомври 14, 2022
1 минути

Недела 14:00 часот, термин за одигрување на натпреварите од 6-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Неколку натпревари го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност, но според двојките се чини дека најинтересно ќе биде во Свети Николе, Делчево и Градско Балдовци што не значи дека и на останатите три средби резултатот нема да биде неизвесен.

„Осогово“ по добивањето на трите бода на зелена маса сега со ист број на бодови го игра натпреварот против одличната екипа на „Овче Поле“, Тиверија е пред тешко гостување во Градско Балдовци а во делчево се игра комшиското дерби кое секогаш им нудело добар фудбал и неизвесен резултат.

Двојки за 6-тото коло:

„Овче Поле“ – „Осогово“

„Брегалница“ (Д) – „Малеш“

„Дојранско езеро“ – „Победа“ (В)

„Спартмани“ – „Тиверија“

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Вардарски“

„Рудар – Карбинци.

С.  Ивановски