„ОСОГОВО“ ЈА РАЗМОНТИРА „ПОБЕДА“ НА НАЈСИТНИ ДЕЛОВИ

Во Спорт
ноември 4, 2025
1 минути

Во еден од поефикасните натпревари во второлигашката конкуренција, денес во Кочани во рамките на 11-тото коло „Осогово“ ја совлада „Победа“ од Прилеп со 6:0 (3:0).

Уште на самиот старт на натпреварот се виде дека гостите се определија на чување на почетниот резултат без некаква амбиција да се подотворат и да напаѓаат кон голот на домаќините. Се редеа акции од страна на домаќините но немањето сенс за колективна игра си го стори своето. Гледачите како времето одминуваше стануваа понервозни но и со надеж дека кога домаќините ќе обезбедат водство полесно ќе им биде до крајот на натпреварот.

И конечно, се играше 37’ кога расположениот за игра Жоглев убаво се проби по левата страна, окако измами два гостински играчи во казнетиот простор упати идеален центаршут до осамениот Давид Голубов кој биеше од прва, го отвори стапалото и топката од десниот дирек заврши во мрежата на немоќниот Виктор Анѓелевски. По постигнатиот гол домаќините продолжија со нападите. Во 40’ Марко Ефтимов упати удар од преку дваесет метри топката го изненади гостинскиот голман и заврши во мрежата. Во 44’ веќе беше 3:0 за домаќините. По изведениот корнер од десната страна Владимир Жоглев со глава ја упати топката во небранетата мрежа. Со овој резултат се замина на одмор.

Во вториот дел иста слика, домаќините напаѓаа гостите се бранеа.  Се играше 66’ кога нововлезениот играч Филип Јованов по четврти пат ја затресе мрежата на прилепчани по убавото проигрување од десната страна. Само четири минути подоцна (70’) Давид голубов беше проигран во празно па со одмерен удар по втор пат се запиша во листата на стрелците. Голготата за гостите од Прилеп заврши во 76’ кога домаќините нововлезениот дарко Петров од тринаесетина метри биеше во левиот горен агол на денес торпедираниот Виктор Анѓелевски.

Кога се ќе се собере и добро е што гостите поминаа само со шест голови во мрежата, но и жално е еден спортски посебно фудбалски град како Прилеп да спадне на волку ниски гранки.

Резултати од 11-тото коло:

Осогово – Победа  6:0

Охрид – Тетекс  4:3

Скопје – Преспа  2:0

Големо Коњари – Каменица Саса  1:3

Детонит Плачковица – Новаци  1:1

Слога 1934 – Брегалница  2:4

Беласица – Вардар (Н)  8:1

Шкендија (А) – Кожуф  2:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ