Утре (Сабота) започнува пролетниот дел на првенството во двете втори фудбалски лиги.
На истокот се играат натпреварите од 16-тото коло во кое „Осогово“ и официјално се впушта во борба за освојување на едно од местата кое директно води во единствената Втора Фудбалска Лига, која ќе стартува од следното првенство.
„Жетварите“ со доста изменет состав но и со верба во своите квалитети ќе ја пречекаат традиционална незгодна „Беласица“. Бодовите за домаќините се од голема важност бидејќи директниот влез во единствената Втора Фудбалска Лига е шанса која мора да се искористи. Дека „Осогово“ ќе има голема поддршка и од своите верни „Сејмени“ е токму најавата на навивачите за масовно собирање и заедничко одење на стадионот.
Натпреварот во Кочани ќе го суди судиска тројка од Прилеп на чело со Влатко Илиоски на кого ќе му помагаат Иле Мишески и Зоран Костоски. Четврти судија е Бафто Фатмир (Охрид), Делегат Лазар Проданов (Валандово) и Контрола Горан Манасиев (Велес).
Двојки за 16-тото коло:
„Осогово“ – „Беласица“
„Слога 1934“ – „Пехчево“ (Кит Го)
„Каменица Саса“ – „Кожуф“
„Братство“ – „Победа“
„Локомотива“ – „Детонит“
Натпреварите започнуваат во 14:00 часот
С. Ивановски