НА ТУРНИРОТ „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“ СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА „ГЛАДИЈАТОР“.

Во Спорт
октомври 10, 2022
0 минути

На Меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој“ кој за време на викендот се одржа во Прилеп, во конкуренција на 320 натпреварувачи џудистите на „Гладијатор“ од Кочани освоија вкупно 7 медали, од кои 2 сребрени и 5 бронзени.

Лука Савев и Анастасија Стошиќ стигнаа до среброто, додека бронзата ја освоија: Марко Симеонов, Ненад Максимов, Томислав Ристов, Тамара Гичева и Андреј Стојанов.

С. Ивановски