„ОСОГОВО“ НЕМОЌНО ПРОТИВ ЕСЕНСКИОТ ШАМПИОН

Во Спорт
февруари 17, 2024
1 минути

Денес стартуваше пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига. Уште на самиот старт кочанчани гостуваа кај есенскиот шампион „Беса“ со надеж дека ќе ја повторат играта од подготвителниот натпревар против „Брера“ во Струмица и дека можеби непоразени ќе се вратат во „градот на оризот“. Но желбите се едно а реалноста сосема нешто друго, екипата на „Беса“ беше преголем залак за „жетварите“ и на крајот сосема заслужено победи со 3:0 (1:0). Домаќините поведоа во 24’ со голот на Филип Алексовски а во второто полувреме со головите на Емир Скендери во 52’ и Изаир Емини во 69’ од пенал дојдоа до нови три бода.

Екипата на „Каменица Саса“ минимално беше поразена во „Автокоманда“.

Пелистер со сигурна игра дојде до нови три бода, а „Вардар“ (Негприно) и „Башкими“ со добра игра ги изненадија своите противници и освоија моѓне значајни бодови. Прилепчани непоразени се враќаат од тетово а екипите на „Аресими“ и „Караорман“ се покажаа како успешни домаќини.

Резултати од 16-тото коло:

„Беса“ – „Осогово“  3:0

„Охрид“ – „Башкими“  0:2

„Тетекс“ – „Победа“  0:0

„Пелистер“ – „Беласица“  3:0

„Аресими“ – „Новаци“  2:0

„Скопје“ – „Каменица Саса“  1:0

„Вардар“ (Н) – „Детонит Плачковица“  2:0

„Караорман“ – „Кожуф“  1:0

Во следното коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Тетекс“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ