ДЕЈАН БОГДАНОВ: РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ СЕ САКААТ И ПОЧИТУВААТ И КОГА СЕ НАЈДОБРИ НО И КОГА ГУБАТ

Во Спорт
февруари 17, 2024
1 минути

Во Букурешт, Романија се одржа Европското Првенство за Сениори. Нашата Репрезентација учествуваше со 1 борачка и 7 борачи, кои се едни од најдобриот тим во историјата на нашата репрезентација, европски медалисти, европски шампиони, спортисти на годината, учесници на олимпијада, освојувачи на прв женски сениорски медал. Прекрасна екипа предводена од еден врвен тим тренери Магомед Ибрагимов олимписки медалист, Бонан Данов Европски Медалист, Суфијан Исмаили – професор. Овие тренери и репрезентативци даваат максимум за нашата држава, а како ние им враќаме?

Репрезентативците се сакаат и почитуваат и кога се најдобри , но и кога губат. Овие деца, спортисти можеби не потекнуваат, можеби не се родени во нашата држава, можеби немаме ист мајчин јазик, но тие повеќе од сите нас имаат вложено труд за нашата држава, овие спортисти не се натпреваруваат за земјата во која се родени туку за МАКЕДОНИЈА . Кога спортистите земаа медали од меѓународни првенства, кога беа Европски Шампиони, кога учествуваа на Олимписки Игри, кога беа Спортисти на годината СЕКОЈ ОД НИВ ГОРДО ГО ВЕЕШЕ НАШЕТО ЗНАМЕ, не претставуваа во најдобро светло во Европа и Светот и сите бевме горди на нив, велевме ова се наши спортисти, сите се сликавте со нив, гордо раскажувавте за нашиот успех. Но кога овие спортисти нема да освојат медал, нема да имаат победа ..без размислување веднаш им го вртите грбот и ги напаѓате, наеднаш тие за вас се странци, не се НАШИ .. зборот е траен белег кој може да остави длабока трага .. особено ако е погрден збор..

Размислете пред да оставите навредливи коментари за било кој, сетете се дека вие први трчавте да се сликате со нив кога беа ШАМПИОНИ, секој спортист има добри и лоши мигови.. Но јас , како претседател на Боречка Федерација Дејан Богданов и целиот тим на БФСМ е секогаш со вас и ве почитува и сака и кога губите и кога сте ШАМПИОНИ..

Не им давајте значење на негативните коментари, такви коментари секогаш ќе има а кога пак ќе дојдете на врвот исите луѓе ке бидат први кои ќе бараат да се сликаат со вас… Не губете надеж спортисти наши, најголемите успеси се пред вас следуваат квалификации за Олимписки Игри, некои од вас во Август ќе не претставуваат на Олимписките Игри во Париз а јас како претседател заедно со тимот на федерацијата СЕКОГАШ ГОРДО ќе стоиме позади вас и кога победувате и кога губите.

Дејан  Богданов

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ