„ОСОГОВО“ ПО ТРИТЕ БОДА ВО ПЕХЧЕВО

Во Спорт
февруари 25, 2022
1 минути

Во Сабота со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ по поразот во минатото коло против „Беласица“ на свој терен сепак со доза на оптимизам патува на утрешниот натпревар во Пехчево. Во првиот дел од сезоната утрешниот противник го победи „Осогово“ во Кочани со 3:0 па сега е шанса „жетварите“ комплетно да им се реваншираат на пехчевци и да останат во играта за освојување на едно од шесте места на табелата.

Двојки за 17-тото коло:

„Пехчево“ – „Осогово“

„Кожуф“ – „Слога 1934“

„Каменица Саса“ – „Братство“

„Беласица“ – „Локомотива“

„Детонит јуниор“ – „Победа“

С. Ивановски